Ужас во Радовиш: 45-годишен маж во повеќе наврати силувал малолетничка

 


45- годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април оваа година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштеното, случајот бил пријавен вчера во pолициската станица во Радовиш.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

25.04.2024 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега