Ужас во Скопје: Малолетник ја пронашол својата баба мртва во бањата и со повреди на главата

 

Вчера попладне малолетник во Скопје ја пронашол својата баба мртва и со повреда на главата во бањата.

Според пријавеното на 06.07.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на ул.„Лука Геров“ во Скопје, 17 - годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81). Од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега