Ужасна љубовна приказна во Сремска Митровица: Русокоса го намамила сопругот во викендичка, а таму го убил нејзиниот љубовник

Против 52-годишниот Зоран Димиќ од Суботица, Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица покрена обвинение со кое на товар му се става дека на 25. април оваа година во еден апартман во Врдник ја убил 37-годишниот белграѓанин Немања Грчиќ. Невенчаната сопруга на Грчиќ, 43-годишната Данијела Ѓиласовиќ која наводно била во емотивна врска со Зоран, е обвинета за помагање во ова злосторство. Како што е кажано во Вишиот суд во Сремска Митровица, обвинението е на разгледување.

Грчиќ претходно се криел три месеци во Полска, затоа што знаел дека е на мета на една новосадска криминална група. На повик на Данијела и уверување дека никој нема да го забележи, како и дека не мора да се грижи за својата безбедност, тој се согласил да помине неколку денови со жената во апартман, каде и таа често престојувала со децата, но со Зоран, што е утврдено со истрагата.

Данијела му јавила на Зоран каде  е и во договореното време ја оставила отклучена вратата од собата. Во моментот кога здогледал дека Зоран влегува во соба, Грчиќ скокнал на него. Почнале да се тепаат, после што следувало пукање со пиштол со пригушувач.

За време на испитувањето, Данијела често го менувала исказот, дури и напаѓачот прецизно не можела да го опише, што предизвикало сомнение кај истражните органи. 

После ликвидацијата на Грчиќ, пиштолот од марката „чешка збројовка“ бил пронајден на стотина метри од приватните апартмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега