Ужасна снимка од Бахреин: Рој скакулци направија пустош (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е направена вчера во автомобил во Бахреин, кога милиони скакулци ги затекнале возачите.

Ројот преминал од Источна Африка во Кина, преку Блискиот исток, Пакистан и Индија. Милиони мали скакулци се излегле во Кенија во текот на викендот, предизвикувајќи стравувања дека новите роеви може наскоро да ја уништат источна Африка.

Небото над Бахреин, обично искапено во сонце, сега е темно додека облак со рој од скакулци се движи по патот.

Во еден момент, еден од инсектите паѓа врз автомобилот на снимателот и се чини дека е долг неколку сантиметри.

Во апокалиптичката сцена во Бахреин, некои возачи ги запираат автомобили бидејќи видливоста се влошува.

Ова најново видео доаѓа откако друг возач снимил облак од скакулци претходно овој месец на непозната локација во Кенија.

Премиерот на Пакистан, Имран Кан,сегашната чума ја опишал како „најтешкиот напад на скакулци со децении“.

 Во овој најнов напад се вели дека еден рој во Кенија достигнал должина од 60. километри, што е повеќе од растојанието помеѓу Манчестер и Ливерпул.

Инсектите опустошиле земјоделски култури каде и да слетале.

Пакистан прогласил национална вонредна состојба поради недостиг на храна.

Пустинските скакулци дневно можат да патуваат и до 140. километри и можат да ја изедат сопствената телесна тежина во растителен материјал, што значи дека дури и мал рој може да консумира исто храна колку и 35.000 луѓе на ден, наведуваат од ООН.

За време на секои три месеци, еден скакулец може да создаде уште 20., поради што масовните роеви сега се закануваат на земјоделски култури од обете страни на Црвеното Море.

ООН предупредиле дека непосредниот втор рој на инсекти може да ја загрози безбедноста на храната на 25. милиони луѓе низ целиот регион.

Најновото ажурирање на ООН вели дека „ситуацијата останува крајно алармантна во Кенија, Етиопија и Сомалија“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега