Ужасна трагедија во Србија: Паднал во септичка јама и се удавил- телото го барале цели 17 часа

Телото на Бранко В. (64), кој падна во септичка јама во Сурчин во понеделникот попладне, беше извлечено  во вторник околу 13 часот, а акцијата за вадење на телото траеше цели 17 часа!

Пријателот на Бранко, 41-годишниот Иван Т., кој се обидел да му помогне во понеделникот и  да го извлече од јама длабока четири метри, е во лоша состојба во болницата.

Според соседите на жртвата, тој дошол кај семејството во Сурчин од Македонија пред околу еден месец, каде живеел и работел.

– Тој беше со мене, седевме и разговаравме. Не испи капка алкохол – со солзи во очите ја опишува трагедијата Драгољуб Марковиќ, сосед и пријател на трагично починатиот.

Според соседите, во вечерните часови, Бранислав решил да слезе во септичката јама во дворот за да провери дали се излева.

– Имаат три јами во дворот и тој сакаше да види дали има прелевање, имаа проблем со тоа, беше запушено, па сакаше да го исчисти – вели соседот.

Се претпоставува дека тој се спуштил по скалата во јамата, но набргу ја изгубил свеста поради гасовите. Дека нешто не е во ред, прво забележале неговата сопруга и соседите кои биле во дворот. Според соседите, исплашени почнале да повикуваат на помош. Вресоците ги слушнал Иван Т, кој прв истрчал да им помогне.

– Иван тогаш пристигна дома, слушна врескање и повик за помош. Истрча кон нивниот двор и кога виде што се случува, се врза со јажиња и се спушти во јамата, но исто така и него го зашеметија гасовите, почна да губи свест, да кркори а јажињата со кои тој бил врзан, ги држеле двете соседки –  раскажал сосед , кој исто така учествувал во спасувањето.

Тој слушнал врисоци од соседниот двор, а кога пристигнал на самото место имало што да види.

– Сопругата на Иван стоеше со едномесечно бебе во рацете и плачеше, ме праша дали е жив … Соседот се обиде да го извади горниот дел од телото, барем главата. Некако му успеа, и тој само грчеше, беше во бесознание. Дојдоа пожарникари, го извлекоа … Лекарите од брзата помош едвај ја отворија устата да ја вметнат цевката за да може да дише, а потоа веднаш го однесоа – вели С.Р. за Блиц.

За Бранислав, татко на две ќерки и дедо на четири внуци, сепак, веќе беше доцна.

-Жената на Бранко стои, гледа во нас, плаче, но што да сториме … Не можевме да му помогнеме на кој било начин – изјавил соседот.

Агонијата на семејството на Васиќ траела 17 долги часови, колку што беше потребно за да се извлече телото на несреќниот човек. Семејството е уништено од болка, тие беа таму цело време, како и соседите.

– Не знам што да кажам, трагедија. Како да го изгубив најмилиот. Мене ми е толку тешко,  ме боли –  низ солзи вели сосетката.

 

23.06.2021 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа