Уживајте во сонцето викендов, од понеделник УХМР најавува пресврт
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, соопшти УХМР.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе слаб до умерен ветер од северен правец.
Во деновите од викендот времето ќе виде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа