Уживајте во топлото време неделава - од понеделник уште една промена

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува главно умерен, на места засилен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 16 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во втората половина од денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време со пониски утрински температури. За време на викендот и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец и ќе биде значително потопло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега