Вака изгледа местото од каде што сите побегнале: Пусто е веќе 30 години, а уништените згради кријат многу мрачни тајни

Околу девет километри од градот Нагасаки се наоѓа напуштен остров наречен Хашима, кој од 1887 до 1974 година функционирал како погон за јаглен. Кога резервите за јаглен се потрошиле, а нафтата започнала да го менува, рудниците биле затворени, а островот останал пуст во наредните 30 години. Сепак, овој остров има мрачна историја.

Во текот на Втората светска војна Јапонците искористувале корејски цивили и кинески воени заробеници како присилни работници. Се проценува дека од 30-те до крајот на војната таму починале повеќе од 1.000 работници поради лошата безбедност на работа, неисхранетоста и исцрпеноста. 

Турстичкото место станало заштитено од УНЕСКО од 2015 година, но неговото наследство и понатаму е енигма.

Се знае дека Јапонија е во обид да ги стигне западните колонијални сили, тргнал во брз индустриски развој почнувајќи од средината на 1.800-те години и го искористи островот Хашима за тој потфат. Откако Мицубиши го купи островот во 1890 година, компанијата развила "морски ѕидови" и започна со извлекување на јаглен од морето, првиот таков потфат во Јапонија.

Тука е изградена и првата јапонска армиранобетонска зграда за рудари, а во 1959 година живееле рекордни 5.59 жители.

Откако Јапонија ја колонизираше Кореја и нападна Кина, користеле регрутирана работна сила како би присилиле илјадници работници на работа во рудниците. Работниците тврделе дека условите биле напорни и нехумани, времето било влажно, а храната лоша. Работниците често биле тепани, а за 20 години биле убиени 123 Корејци и 15 Кинези.

Јужна Кореја се противела на кандидатурата за признавање од страна на УНЕСКО, но во 2015 година јапонскиот амбасадор при УНЕСКО, Куни Сато признал дека бројни Корејци и други биле присилени да работат во тешки услови на некои места.

Во 1974 година рудниците биле затворени засекогаш. За само три месеци, островот се испразнил, а многу градби во текот на годините се срушиле.

После обновата на срушените ѕидови, островот и неговите стамбени комплекси биле отворени за туристи во 2009 година. Сепак, поголемиот дел од островот и понатаму е забранет за посетители бидејќи тие згради не се безбедни, а потребни се многу пари за да се обноват.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега