Вакцинална агонија: Вчера вакцинирани само 3.263 граѓани со прва доза - повеќе Македонци се боцнале во Србија

Македонија се наоѓа во вистинска вакцинална агонија. И покрај тоа што поминува месец јуни, во земјава вакцини имаме само од донации поради што темпото на вакцинирање е во најмала рака мизерно.
Вчера прва доза примиле само 3263 граѓани а заедно со оние кои се ревакцинирале бројката достигна до 5407.
Сепак од Министерството за здравство тврдат дека вакцинацијата се одвива непречено. Министерот Филипче очекува до крајот на летото вакцина да примат околу 500.000 луѓе што според него ќе биде доволно за да се обезбеди колективен имунитет.
Сепак, фактите покажуваат дека Македонија има катастрофален процес на имунизација. Само минатиот викенд во Србија вакцина примиле околу 20.000 Македонци што е повеќе од она што за една недела го ставаме во Македонија.
Тоа е и причината поради која земјава има само нешто над 13% вакцинирани од вкупната популација, додека просекот во светски рамки е над 50%, а во Европската Унија близу 70%.
На ниво на цела Европа само 4 земји имаат послаб опфат на вакцинација од Македонија.

23.06.2021 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега