Валмир Азири за конкурсот на Министерството за култура: Секој конкурс има свои недостатоци

Државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, денеска во седиштето на ДУИ се осврна на проектите што оваа Министерство ги реализирало од 2017 до 2020 година.

Во своето излагање Азири, истакна дека за овој период комплетно е завршена реконструкција на Албанскиот театар во Скопје, основан е Албанскиот ансамбл за песни и ора во Република  Македонија, како и театар во Гостивар.

– Во тек на овој период го потпишавме Колективниот договор, унапредивме повеќе од 26 вработени Албанци во Министерството за култура, праведно го распределивме буџетот за албанската култура, комплетна го реконструиравме Музејот на азбуката во Битола, со средства на ИПА фондовите, вработивме 50 играорци и пеачи во Ансамблот за песни и ора. Воедно е завршена и првата етапа во тетовскиот Театар. Почна изградба на домови на културата во Општина Боговиње, во Општина Липково, како и во Општина Врапчиште. Исто така, беше изведена и првата албанската опера, беше усвоена и Националната стратегија за култура 2018-2022, одобрен Законот за доделување на државни награди за 22 ноември за албански уметници од страна на Парламентот и беа нивелирани платите за сите вработени во културните институции, изјави Азири.

Според Азири, сите овие проекти се реализира заедно со коалициските партнери, кои се исто така дел од Министерството за култура.

– Добро е што сите се фалат и сме направиле дела со кои сите може да се гордееме. Министерот за култура ја водат трите парти што се во коалиција. Министерот е од Алтернатива, заменик министерот е од СДСМ, а државниот секретар сум јас од ДУИ. Како што одлуките во Владата се носат со консензус, така функционираа и Министерството. Смешно е ако некој мисли дека Министерот може да функционираа без заменик министерот и без државниот секретар, истакна Азири.

Дополнително Азири, говореше и за последните резултати од Конкурсот на Министерството за култура и реакциите во јавноста.

– Секој конкурс има и свои недостатоци. Изразувам жалење што уметници како Блерим Груби и Артан Кастрати останале без поддршка колку што очекувале. Ја користам можноста и ги повикувам да поднесат жалба на одлуките на Министерството. Потоа верувам дека во втората фаза нивните проекти ќе ја добијат потребната поддршка за реализација, наведе Азири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега