Ванчева: Најголемата грешка на ВМРО-ДПМНЕ е што сакаше со лаги да ги злоупотреби граѓаните

Најголемата трагедија што вие како ВМРО-ДПМНЕ ја направивте е тоа македонскиот народ да се подели, граѓаните да немаат консензус за историско прашање, за секое уште во 1991 година се определивме да бидеме демократска држава дел од ЕУ, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калевска Ванчева во реплика на денешната собраниска седница.

„Жално е што не успеавте да се надминете себеси и да подадеме рака и заедно да направиме нешто што може да не води напред. Дали е ова идеален предлог? Сигурно не? Дали имаме вековни проблеми со Бугарија? Да. Овој народ овде имал многу премрежја, но треба ли уште да војуваме? Не треба да градиме мостови? Треба да ги рушиме? Јас сакам да градам мостови, за мене, за моите деца, за моите внуци, за моите граѓани. Истото тоа го сакаат и моите пратеници, мојата партија“ порача Калевска Ванчева додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не знае што значат државните и национални интереси и дека не успеа со лагите да ги злоупотреби граѓаните.

16.07.2022 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега