Вандализам во Аеродром: Уништено спортско игралиште
Гол на спортско игралиште во новоизградениот парк во Мичурин е уништен. Од општина Аердром го осудуваат вандалскиот чин.
-Исто така, бил исечен и кабел за струја со што сторителите директно се изложиле себеси, но и другите граѓани на голема опасност. Случајот е пријавен во полиција и се надевам дека вандалите во најбрзо време ќе бидат пронајдени и соодветно казнети. Синоќа урбана опрема била уништена и во Паркот на езерата, како и на спортското игралиште во близина на ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што претходно биле исклучени рефлекторите. Би сакал да посочам дека граѓаните не смеат да ги отвораат орманите за струја што наоѓаат на спортските игралишта затоа што со тоа го доведуваат својот живот во опасност. Постои посебна служба што се грижи за јавното осветлување и доколку имате забелешка пријавете во Општината, истакна градоначалникот на Аеродром, Златко Марин во писмена изјава до медиумите.
Апелира за повисока граѓанска свест и одговорност при зачувување на заедничкиот имот, затоа што сето она што се гради припаѓа на секој од нас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа