Ванковска влегува во борба за Претседател на Република Македонија


Во просториите на ДИК, овластениот претставник и раководител на Претседателскиот изборен штаб на Левица, Реџеп Исмаил, денес ја поднесе кандидатурата на претседателскиот кандидат, проф. Билјана Ванковска.

Потсетуваме дека без притисоци, без партиска војска, платени списоци и празни ветувања, и покрај ужасната инфраструктура и услови на ДИК, сепак, активистите на Левица успешно собраа над 10.000 потписи во краток рок, соопшти партијата.

„Ваквата широка народна поддршка, дополнително ја потврди решителноста на македонскиот народ, да се влезе во борба против политичките елити, против измаќарите на странските интереси и слуги на крупниот капитал и со тоа доби автентичен претседателски кандидат, подготвен да го застапува интересот на народот, интересот на обичниот човек, на работниците, потиснатите и обесправените.

За првпат во современата македонска историја, Македонија ќе добие кандидат за Претседател, подготвен да застане во одбрана на националните интереси на македонскиот народ.

Кандидат, кој цврсто ќе се спротивстави на етно-трибалистичките политики и практики во домашната политика.

Кандидат, кој надворешната политика ќе ја позиционира единствено согласно интересите на својот народ, а не на странските интереси на штета на Македонија.

Очекуваме во најкраток можен рок кандидатурата да биде потврдена од страна на ДИК, по што ќе започне претседателската битка, која ќе донесе свежина на политичката сцена, која ќе предизвика тектонски пореметувања и големи изненадувања, со резултат на огромната поддршка кон претседателскиот кандидат на Левица - проф. Билјана Ванковска!“, стои во соопштението на Левица.

19.03.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега