Вархеји: Денеска се одбележува уште еден важен чекор на Македонија кон ЕУ

Преговарачката рамка на Македонија  е дистрибуирана до земјите членки на Европската Унија соопштија од Европската Комисија во Брисел. 

Во неа се утврдени упатствата и принципите за пристапните преговори на земјава со Унијата.

„Денеска се одбележува уште еден важен чекор на патот на Албанија и Македонија кон Европската Унија. Исполнувајќи ја нашата обврска, претставуваме конкретни рамки за спроведување на пристапните преговори. Нашите предлози се засноваат на ревидираната методологија за проширување што ја претставивме во февруари за да го направиме пристапниот процес поверодостоен, со посилно политичко управување, подинамичен и предвидлив. Со нетрпение ги очекувам дискусиите со земјите-членки и што поскоро одржување на првите меѓувладини конференции со двете земји. Нивната иднина јасно припаѓа во Европската Унија и убеден сум дека ќе продолжат да ги спроведуваат реформите на нивниот европски пат како што тоа го правеа досега “, се наведува во објавата на Твитер на еврокомесарот Вархеји.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега