Вархеји во писмо до Спасовски: Определивме првична финансиска помош

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше претседателот на Владата, Оливер Спасовски дека тој веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Македонија.

Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата.

-Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка, соопштуваат од Владата.

Вархеји во писмото до премиерот Спасовски навел дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Македонија и во регионот.

Еврокомесарот Вархеји во писмото информирал дека во соработка со Советот за регионална соработка, Секретаријатите на ЦЕФТА и на Транспортната заедница се утврдуваат начините за непречен транспорт на стоки во регионот и во Европската Унија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега