Васев: Се потврди уште еднаш дека единствена понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е лицемерие

Изјавата на пратеничката Нола Исмајлоска дека услов за да биде на пратеничката листа било да поддржи промена на името го потврдуваат неискрениот однос на ВМРО-ДПМНЕ, вели Стефан Васев од СДСМ во прес конференција за новинарите.

„Изјавата на пратеничката Даниела Рангелова дека и било кажано дека може да гласа на референдумот, за потоа да биде етикетирана како предавничка е доказ за антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите изјави на пратенички од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат лицемерието и лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски.

Се потврди уште еднаш дека единствена понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е лицемерие, лажен патриотизам и делување против интересите на државата и граѓаните.

Тоа е истата стара матрица на Груевски, едно зборуваат јавноста друго во реалноста.

За тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат казнети на изборите на 12 април.

Граѓаните уште еднаш ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе потврдат дека државата е на прав пат“ рече Васев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега