Васев: Тоа е Мицкоски, навреди и пцовки, не е кадарен да води партија, ниту профил на Фејсбук
Екстремно ниското ниво на јавна комуникација со граѓаните и гласачите, го одразува ниското ниво на кое веќе неколку години функционира Христијан Мицкоски, рече денеска на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.
-Ако некому досега не му беше јасен човечкиот и политички профил на Христијан Мицкоски, деновиве може да му се разјасни преку неговиот Фејсбук профил.На Мицкоски очигледно не му е доволно тоа што е потрчко и послушник на Никола Груевски. Не му се доволни блокадите на државата, поткопувањето на здравстениот систем, пироманските деструкции.Не му е доволно ниту што релевантни европски истражувања го посочија како извор на лажни вести.Политичкиот пироман Мицкоски продолжи жестоко и упорно да тера надолу, однесувајќи се како обичен трол што дели пцовки на интернет, рече Васев.
Тој рече дека прашање е само од која плажа недолично пишува, навредува и псуе Мицкоски.
-Толку може Мицкоски, толкав му е капацитетот, тоа му е нивото.Некој што не може да го издржи критиката, не е кадарен за каква било политичка функција, а камоли за позиција која подразбира носење одговорни одлуки.Мицкоски не е кадарен да води партија, не е кадарен да води ниту профил на Фејсбук, рече Васев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа