Васовски нов тренер на ФК Вардар

 

ФК Вардар соопштува дека од денес за нов тренер на клубот е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

-Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим. Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет, соопштија од Вардар.

 

22.08.2023 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега