Вчера вакцинирани над 13.000 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, соопшти денеска Министерството за здравство.

Досега за вакцинација се пријавиле 346.431 граѓани.

-На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 203.324 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.719 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.482 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 203.324 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, велат од Здравство.

МЗ апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2021 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега