Вдовицата на Гру нема од што да живее - Пријателите собираат помош

Во петок ќе се навршат 40. дена од смртта на трагично починатиот српски рапер Гру, а неговото семејство покрај со големата загуба, се соочува и со финансиски проблеми.

По несреќата во вода која му го одзеде животот на Далибор Андонов Гру пред 40. дена, неговото семејство е скршено и се соочува со финансики проблеми, а колегите на раперот покренаа повик за помош на семејството.

Марко Џуровски одлучил да помогне на вдовицата на Гру и неговите деца, па на фејсбук организираше настан за собирање помош. Тој продавал свои блузи, а целиот приход отишол кај Даница, вдовицата на Гру која нема работа.

Сопругата на Гру пред да се породи беше успешна манекенка, но поради бракот се откажа од кариера во странство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега