Вдовицата на Коби Брајант бесна – тврди дека нејзината мајка лаже

Мајката на Ванеса Брајант, Софија Лејн во неодамнешно интервју го шокираше светот тврдејќи дека нејзината ќерка ја исфрлила од куќата.

Во интервјуто Софија тврди дека Ванеса по трагедијата која се случи на почетокот на годината, а во која загинаа Коби и Џиџи Брајант ја натерала да се исели од семејната куќ, но и да го врати автомобилот што го користела.

-Само ми рече „Не те сакам во оваа куќа“, како и оти треба веднаш ѝ го предадам автомобилот, изјави Софија.

Ванеса реагираше бурно на ова интервју.

-Откако изненадно ги изгубив сопругата и ќерката мојата мајка се осудува на телевизија да зборува негативно за мене додека лее солзи за автомобил и куќа кои не се на нејзино име, напиша Ванеса во соопштение.

Вели дека нејзината мајка намерно го тргнала накитот кој го носи за да исценира оти нема финансиска поддршка од неа.

-Мојот сопруг и јас ја поддржувавме финансиски во изминатите 20 години, и јас продолжувам да го правам тоа, со месечна алиментација која ја добива од мене, вели Ванеса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега