Вечерва е „Бела ноќ“

Вечерва се организира „Бела ноќ“ по 17. пат, а граѓаните ќе имаат можност да уживаат во културно-забавната програма на 13 локации.

Скопје и скопјани повторно ќе бидат дел на едно уникатно културно доживување на веќе традиционална „Бела ноќ“.

Многубројните уметници што ќе им се претстават на граѓаните со концерти, изложби, кинопроекции и други културни перформанси на 13 локации ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.

Поради состојбата со пандемијата со Ковид-19, „Бела ноќ“ и годинава, како и минатата година, се одржува една недела порано од предвиденото.

Официјалната програма на „Бела ноќ“ ќе почне утре, 25 септември, сабота, во 19 часот и ќе трае сè до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.

Повеќе детали околу програмата може да најдете на следниот ЛИНК.

25.09.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега