Вечерва е крајот: Збогум Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вечерва на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон ќе стави точка на професионалната кариера и својот последен натперавр ќе го одигра во двојки со големиот ривал Рафаел Надал.

Федерер и Надал ќе настапат во Тимот на Европа против Тимот на Светот, чија двојка ја сочинуваат американските тенисери Џек Сок и Френсис Тијафо, а дуелот започнува во 21:30 часот.

–Не сакав целиот турнир да биде посветен на мене, ниту, пак, премногу да се појавувам. Затоа го прашав тренерот Бјорн Борг дали може да настапам само во двојки во петок вечер. Да го одиграм поседниот натпревар заедно со Рафа за мене апсолутно е остварување на сонот, изјави Федерер.

Легендарниот швајцарски тенисер во кариерата освои 103 трофеи, од кои 20 грен – слем титули.

23.09.2022 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа