Вечерва тешка сообраќајка во Скопје – има повредени

Најмалку две лица се потешко повредени во сообраќајка која вечерва се случила на крстосница меѓу „Рузвелтова“ и „Теодосиј Гологанов“, јавува Слободен печат, повикувајќи се на неофицијални информации.

Тешката сообраќајна несреќа се случила откако автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички удрил во две возила, а потоа од силината на ударот се одбил и соборил столбови на улицата.

Надлежните вршат увид, а повеќе детали се очекуваат утре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега