Веќе не е прашање дали туку колку ќе поскапи струјата


Пазарот, а  не Регулаторната Комисија ќе ја поскапат струјата. Првиот човек на РКЕ
за Сител вели – ние одлучуваме само во мал дел кој влијае врз крајната цена. Ќе ги преземеле сите законски мерки, цената на електричната енергија да остане непроменета во тој сегмент. Сепак, за доминантниот, не биле надлежни. Либерализацијата на пазарот значело цената самостојно да се формира.

Од доставените пресметки на компаниите Бислимовски вели компаниите прикажале трошоци кои не се реални. Затоа ги разгледувале ставка по ставка.

Инаку, како што Сител веќе објави МЕПСО барал двојно зголемување на цената за преносот кој го вршат, поради намалените приходи  на прекуграничните капацитети и новите правила за балансирање. За ЕВН Хоум, која ги снабдува домаќинставта со електрична енергија, цените зависат од влезните трошоци за набавка на струја.  Од Државните електрани, пак, кои го снабдуваат со струја ЕВН Хоум, велат дека инвестирале во зелена енергија, односно во ветерници и фотонапонски електрани. А токму инвестициите во чиста енергија чинеле пари, што ќе резултирало  со поскапа струја , најави и премиерот Заев.

 

23.05.2021 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега