Велешанка се породила во такси, родила здравко машко бебе

Велешанка не стигнала се породила во такси возило во дворот на Велешката болница. Породувањето се случила изутрината во 07:00 часот, а сведоци на настанот биле вработени кои доаѓале на работа, јавува „Тирековмирече“.

Таксистот ја отвори вратата од автомобилот и кажа дека жена се породува, по што една од медицинските сестри од детско, која доаѓаше на работа, веднаш притрча, помагаше, дојдоа и сестри од Акушерско одделение и жената се породи во колата - раскажува сведок на  несекојдневното породување. 

Од Општа Болница Велес информираа дека бебето е здраво и живо и се во добра состојба заедно со мајката, на која ова и е второ дете.

Утрово во такси возило пресечена е папочна врска на жена родилка и бебе. Породувањето го извршиле две акушерки и сестра од детско одделение. Бебето е машко, тешко 3,2 кг долго 50 цм. И мајката и бебето се згрижени на акушерско одделение и се во добра здравствена состојба - соопшти портпаролот д-р Весна Николовска Неделкова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега