Вељаноски: Доживеав Фатиме Фетаи да ја демантира приказната што ја измислија за убиството кај Смилковското Езеро

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски вели дека треба да се отфрлат сите шпекулации дека жртвите кај Смилковско езеро се познавале со неговите деца.

Толку години ме напаѓаат мене и семејството, кроеа секакви приказни и на крај од устата на обвинителката, доживеав да биде демантирано ова, Вељаноски, во изјава за Плусинфо, додавајќи дека лузните ќе останат, но треба да им служи на чест на оние кои ја измислиле приказната.

Судењето за случајот „Монструм“ влезе во својата завршница, а обвинителката Фетаи во своите завршни зборови рече дека најпрво мора да се побијат сите теории кои ги наметнувала одбраната, а кои се поврзуваат со петкратното убиство кај Смиљковското Езеро во 2012 година.

Таа потврди дека четирите момчиња и рибарот се убиени кај Смиљковското Езеро, а не на друго место.

– Ако ги погледнете доказите најдени на местото на настанот, тогаш ќе забележите дека петкратното убиство се случило токму на местото каде што беа пронајдени телата, а сè друго е научна фантастика. Исто така, треба да се побие и шпекулацијата дека жртвите наводно се познавале со синот и со ќерката на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Се шпекулираше дека имале честа дружба и дека поради тоа биле убиени. Но, до овој момент не беше приложен доказ, ниту имаше индиции дека убиените деца се познавале со деца на функционери и дека наводно имале нерасчистени сметки, рече Фетаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа