Вељаноски го честита Божик

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија, како и на сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство, им го честита големиот христијански празник раѓањето Христово - Божиќ.

- Секое раѓање е зачеток на нешто ново, но Христовото рождество е ден и настан единствен во историјата на човекот и светот што го означи почетокот на славењето на љубовта кон Бога, вреднување на животот и утеха на човештвото за да завладеат мирот и слободата. Би сакал да истаканам дека со славењето на раѓањето на Спасителот, Исус Христос, продолжуваме да ги применуваме христијанските вредности и да бидеме исполнети со добрина и да правиме добри дела, да се почитуваме и помагаме, и да даруваме безусловна љубов кон семејството и почит кон ближните. Божиќ е вистинска можност и поттик да влееме надеж на сите оние кои страдаат и имаат потреба од животна сила, стои во честитката од претседателот на Собранието.

Денес, кога го празнуваме Раѓањето Христово, се вели во честитката, потребно е да бидеме обединети и сплотени за да можеме заеднички да истраеме кон создавањето на просперитетна држава во која сите граѓани ќе ги уживаат своите слободи и права.

06.01.2014 - 11:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега