Велјановски до СДСМ: Кога вие сте на власт единствено цвета сивата економија, корупцијата и криминалот

Дали е праведно да се оданочуваат само оние кои што ги почитуваат законите? Дали е нормално да се врши државен терор само на добрите плаќачи на данокот во Македонија? Што направивте вие како партија и како Влада во овие четири години за сузбивањето на сивата економија, на црната економија во Република Македонија, го запраша Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ владејачкото мнозинство на денешната собраниска седница.

Велјановски додаде дека во Република Македонија повеќе од 40-тина проценти отпаѓа во сивата економија. И тоа е нормалност кога СДСМ е на власт, тогаш единствено расте сивата економија, корупцијата и перењето на пари.

– Денес единствено растат фамилијарните бизниси на Заеви, Анѓушеви итн. И додека на црно нерегистрирани фирми во Република Македонија не плаќаат ниту денар во Буџетот, семејни фирми се затвораат за тоа што немаат никаква поддршка од државата, појасни Велјановски.

Велјановски посочи дека повеќе од 6.300 компании за една година ги затворија своите бизниси. Повеќе од 50.000 луѓе останаа без работа.

– А, вие денеска зборувате за праведно оданочување. И верувајте дека ако го погледнете ребалансот, ги намаливте субвенциите за приватните претпријатија, а ги зголемивте субвенциите на јавните претпријатија. Тоа значи дека вашата партија не е пазарно ориентирана дека ги помага оние директори кои што имаа загуби, кои што работат криминално и не води внимание за добрите плаќачи на данок и на оние кои што навистина им е потребна помош, рече Велјановски.

Велјановски укажа дека секогаш кога СДСМ е на власт цвета корупцијата во државата, цвета сивата економија, нема капитални инвестиции.

27.07.2021 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега