Велосипед удрил во 85-годишна жена во Скопје и побегнал

Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Московска“ во Скопје, непознато лице со велосипед удрило во Љ.Г.(85) од Скопје и го напуштил местото на настанот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Г., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
04.04.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега