Велосипедист тешко повреден во Охрид

75-годишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа во Охрид, соопшти полицијата.

-Вчера во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Хаџи Мустафа“ во Охрид,  патничко возило „шкода јети“, со албански национални ознаки, управувано од А.Ѓ.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.М.(75) од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

 Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

28.09.2021 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега