Велосипедист удрил во пешак и побегнал-маж со тешки повреди пренесен во болница

Пешак со тешки повреди пренесен во болница во Кичево, откако претходно во него удрил велосипедист и побегнал.

-На 07.01.2021 во 18,30 часот во Кичево, на улица „Маршал Тито“, велосипедист удрил во пешакот Д.И.(64) од Кичево по што го напуштил местото на настанот. На Д.И. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега