Верижен судир на патот Радовиш-Штип: Едно лице почина

 

Едно лице починало, а три се здобиле со телесни повреди при верижен судир на патот Рдовиш-Штип.

-Вчера во 21:30 на магистралниот пат Радовиш - Штип, во близина на клучка за село Љуботен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот С.А. од Кочани, патничко возило „пежо 206“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од 28-годишнио М.Р. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Т. од Кочани. Во незгодата починал Е.М.(42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега