Верижен судир во Скопје: Три лица завршија во болница

Три лица се здобија со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случи вчера во Скопје, информира МВР.

„Во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Лазар Трповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со српски национални ознаки, управувано од Л.С.Д.(38) од Скопје, мoтоцикл „дервин“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и товарно возило „пежо партнер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(35) од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и 16-годишен сопатник од мотоциклот, а со телесни повреди се здобила Л.С.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега