Весна Јаневска: Пописот нема да соодветствува со реалноста

Претстојниот попис нема да ја отслика реалната состојба во Македонија, изјави вечерва Весна Јаневска, првата претседателката на Државната изборна комисија, во гостувањето на ТВ Сител. На функцијата стапи по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, но поднесе оставка кон крајот на септември во 2011 година, на ден пред, тогаш, планираниот попис.

 

– Пописот треба да соодветствува со реалноста. Ако имаме можност за споредба на податоци од различни дата бази, во тој случај нема потреба за физички попис. Овој хибрид навистина буди сомнеж и воопшто не ми е јасно зошто се случува. Земја која има уставни измени, земја во која има Министерство за политички систем и каде се лицитира со проценти, нема ли елементи од некаква политика во тој попис, рече Јаневска.

Јаневска во 2011 година ја опиша оставката како изнуден потег од колегите од етничките заедници во Комисијата за кои изрази сомнеж дека подготвуваат изборен фалсификат. 

Позицијата на Јаневска ја наследи Слободанка Гиевска по чие раководство почна попишувањето што, сепак, беше прекинато по десет дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега