Ветувањето на Арсовска за бесплатен градски превоз го растрча штабот на Шилегов

Ветувањето на Арсовска за бесплатен јавен превоз дигна вистинска паника во редовите на актуелното градско раководство кое атакува на нов мандат во најголемата канцеларија во бараките во градскиот парк во Скопје.
Арсовска денеска на прес конференција вети дека доколку стане градоначалник ќе почне прво со процес на поевтинување на превозот во ЈСП Скопје со цел тој целосно да стане бесплатен и да може да го користат граѓаните без при тоа да плаќаат за него.
Ваквиот став на Арсовска прво го активираше шефот на кабинетот на Шилегов кој објаснуваше дека тоа е финансиски невозможно бидејќи градот ќе банкротирал. Тој објасни дека годишно јавниот превоз чинел околу 27 милиони евра од кои 9 милиони евра се собирале од наплатата на карти а останатите 18 милиони ги плаќа градот за да ги покрие загубите. Тој објасни дека најголем дел од овие пари или околу 12 милиони евра годишно оделе за плати на вработените.
Се јавија и медиумите кои ги контролира партијата на власт па низ некои пародии се обидоа да го исмејат предлогот.
Доцна попладнево одговарајќи на новинарско прашање се јави и Шилегов.
Јас сум изненаден за некој што се себе си се претставува за добар менаџер, како така напамет дава ветувања. Трошоците на јавниот транспорт во градот Скопје изнесуваат околу 30 милиони евра годишно. Основниот буџет на град Скопје е 80 милиони евра годишно. Ако градот го земе буџетски да го финансира целокупниот јавен превоз, тогаш со што ќе се финансираат останатите активности на градот?“
Според градоначалникот Шилегов, „некој што себеси се претставува дека е менаџер, барем треба да има основни знаења, и познавања за овие
категории, потоа да дава ветувања, коишто се очигледно лажни, и очигледно популистички“.
Реагираше и Арсовска.
„За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено?
Во 2020 година купен е инвентар во вредност од 500 милиони денари. Внимавајте, не автобуси, инвентар што значи – алат, мебел? Каде оделе парите на граѓаните и во што?
Ова се јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП.
Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера. Очигледно не е работено според интерес на граѓаните туку водено е според други интереси. Кога ќе ставите се на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните. “ – реагираше Арсовска

 

 

28.09.2021 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега