„Ви го корне срцето од гради и не престанува со денови“ - сопругот на славната актерка со мрачни детали за коронавирусот

Сопругот на актерката Линда Лусарди, 51-годишниот Сем Кејн рекол дека актерската легенда конечно се вратила дома, откако на 19. март открила дека е заразена со коронавирус.

Сем на со своите следбеници на социјалните мрежи споделил: „Таков благослов е што вечерва сум со својата преубава девојка дома“.

Сем исто така бил хоспитализиран, но бил испратен на домашно лекување неколку дена подоцна.

Тој редовно споделува со своите следбеници на социјалните мрежи каква е состојбата на неговата сопруга и апелира луѓето сериозно да ги сфатат правилата за самоизолација.

„Не можам доволно да нагласам дека ова „не е само грип“. Ја гледав мојата девојка пред вратата на смртта“, изјавил тој.

„Почувствував дека ме влече таму. Тоа е сурова, безобразна, безобзирна, немилосрдна, мрачна болест. Беше како да има три раце. Едва ве дави. Другата ви го турка лицето надоле. Третата ви го корне срцето и едноставно не престанува...со денови“.

„Ве молам, престанете да излегувате. Ве молам да останете безбедни“, рекол тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега