Вицепремиерот Османи во работна посета на Австрија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе оствари средба со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Како што соопшти СЕП, централна тема во разговорите со Едштател, како и на другите предвидени средби на агендата на Османи се европските перспективи на Република Македонија во пресрет на пролетните самити на ЕУ, особено поддршката која Австрија ја обезбедува за земјава и регионот.

Во рамките на посетата, Османи ќе оствари средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија.

Предвидено е Османи да го посети и Долниот Дом при австрискиот Парламент, каде ќе има средба и со пратеници – членови на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Посетата на Виена на вицепремиерот Османи е дел од засилена дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија, стои во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега