ВИДЕО: 22-годишникот префрлен во Шутка – не одговори со колкава брзина возел во моментот на несреќата

 

22-годишникот кој ја прегази Викторија од Радовиш вчера вечер на „Партизанска“ кај Сити мол со полициско комбе е префрлен во Истражниот затвор во Шутка, објави „А1он“.

Возачот со лисици на рацете го напушти Кривичниот суд по два часа распит и исто толку време чекање на одлуката за одредување на притвор.

Тој не одговори со колкава брзина возел во моментот на несреќата.

Тој се товари сторени две кривични дела. Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

-Осомничениот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот. Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомниченио управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница. Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа, се вели во дописот од ОЈО.

21.01.2022 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега