ВИДЕО: Александар Вучиќ трпеливо чекаше на ред со многу луѓе за да гласа

Утрово во седум часот беа отворени гласачките места на парламентарните избори во Србија, на кои повеќе од 6,5 милиони граѓани имаат право на глас на вкупно 8.368 избирачки места, како и за покраинските избори во Војводина и локалните избори.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во околу 12:20 часот гласаше на избирачкото место во Нов Белград во зградата „Цептер интернационал“.

Тој на истото место гласаше и на претходни избори.

Претседателот трпеливо чекал во ред со голем број на граѓани за да гласа.

Пред гласањето ставил и заштитна маска, а потоа ја испочитувал испишана процедура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа