(ВИДЕО) Арсовски: Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот преку поврат на ДДВ до 30 милиони евра

МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Молчат и не преземаат буквално ништо, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според нашите сознанија, за кои што постојат и докази преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ од УЈП фирми блиски до СДСМ и ДУИ шемата одела со две фирми во кои едната фирма се јавувала како фиктивен побарувач на ДДВ од УЈП, а другата фирма се јавувала како должник на ДДВ во УЈП. Фирмата која што е фиктивен побарувач и приоѓа на фирмата која што е вистински должник и со правење на договор за цесија со цел пребивање на долгот кој што реално го должи фирмата должник кон УЈП за определен надомест се оштетува буџетот и целата таа операција на оштетен буџет од тие фирми кои што се вмешани достигнува во висина и до 30 милиони евра.

За да успее овој организиран грабеж потребно е целосна кооперативност на врвот на УЈП кој што нормално е раководен од партиите на власт, како и на централната дирекција, така и на скопската дирекција.

И иако за овој криминал има докази и се е многу јасно, министерството за внатрешни работи, економскиот криминал, организиран криминал и ЈО молчат и ја кријат оваа злосторничка организација која била направена за испумпување на пари на граѓаните, вели Арсовски и додава:

„Овие 30 милиони евра се пари кои што се на штета на буџетот на македонските граѓани на македонската држава требало да завршат во буџетот, и со нив да бидат реализирани капитални инвестиции, но наместо тоа најголем дел од тие пари завршиле во џебови на луѓе кои што се во врвот на власта.

Оттука уште еднаш сакаме да ги повикаме МВР и ЈО да ја откријат оваа злосторничка шема која што има проневерено 30-тина милиони евра од буџетот на Република Македонија и буџетот на граѓаните, и доколку не ги обелоденуваат и продолжат да ги кријат, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ, а по промена на власта одговорност за овој и за сите други криминални случаеви ќе има буквално за сите, и никој нема да биде спасен. Никој нема да биде заборавен кој што се огрешил пред законот, како за вистинските реализатори на овој криминал, директните сторители, така и за прикривачите и за оние кои што помагале“.

13.05.2022 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа