ВИДЕО: Авион излета од писта во Канада

 

Аеродромот во Канада ќе биде затворен за сообраќај до крајот на денот откога авион на „Флер ерлајнс“ се излизгал од пистата за време на слетувањето, јавува Си-ен-ен.

Летот „F8 501“ на „Флер ерлајнс“ од Ванкувер до Киченер-Ватерло превезувал 134 патници и членови на екипажот.

За среќа, никој не е повреден. Патниците безбедно излегле од авионот и со автобус биле пренесени до терминалот.

„Според процедурата на аеродромот, нашиот тим одговори на инцидентот за да се осигура безбедноста на лицата во авионот“, се вели во соопштението, додавајќи дека одборот за безбедност на транспортот на Канада е на лице место и врши анализа.

25.11.2022 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега