ВИДЕО: Автобус падна во река во Индија, најмалку 24 загинати

Најмалку 24 луѓе загинаа денеска откако автобус кој пренесувал свадбена поворка паднал во река на западот на Индија, соопшти локалната полиција.

Возачот изгубил контрола над автобусот откако му пукнала една гума.

Петмина преживеани се хоспитализирани.

До несреќата дошло во близина на Кота, околу 500 километри јужно од Њу Делхи.

Автобуските несреќи се чести во индија. Поради невнимателно возење, лошите патишта и претоварени возила годишно гинат околу 150.000 луѓе.

26.02.2020 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега