ВИДЕО: Автобус влетал на игралиште, повредени 4 деца во Белград - возачот уапсен целиот крвав

Невообичаена сообраќајна незгода се случила денеска во белградската општина Земун.

Како што пренесуваат српските медиуми, возач на градски автобус од засега сè уште непознати причини изгубил контрола над возилото и влетал во детски парк.

Според српски „Телеграф“, во несреќата се повредени пет лица – четири деца и еден возрасен. На местото биле испратени четири екипи на брзата помош, а повредените се пренесени во болница.

„Телеграф“ наведува дека автобусот удрил во автомобил, кој потоа удрил во друг автомобил, кој, пак, се забил во ѕид на локална продавница.

Возачот на автобусот инаку е уапсен, а според неофицијалните информации на полицијата ѝ рекол дека избегал од местото на настанот за да не го линчуваат. Наводно целиот бил крвав.

24.09.2021 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега