ВИДЕО: Автомобил се заби во колонота во која се возеле премиерите на Белгија и Британија

 

Двајца полицајци на мотоцикли, кои биле дел од конвојот на премиерите на Британија и Белгија, се повредени кога на нив налетал автомобил на пат во Белгија, а најверојатно станува збор за несреќен случај, наведуваат белгиските медиуми.

Во конвојот биле премиерите на Британија Тереза Меј и на Белгија Шарл Мишел, кои се враќале од церемонијата на полагање венец на спомениците на британските војници кои загинале во Првата светска војна.

Полицајците се префрлени во болница, пишува весникот „Либр Белжик“, додавајќи дека никој друг не е повреден.

Весникот „Стандард“ повикувајќи се на портпаролот на белгискиот премиер, објавил дека станува збор за “несреќен случај“.

Меј допатува во Белгија поради одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна, а подоцна поради истиот повод ќе продолжи во Франција.

 

 

 

09.11.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега