ВИДЕО: Бесни родители напаѓаат градоначалник - го маваат со јајца, го навредуваат, а полицијата интервенира

 

Загребскиот градоначалник Милан Бандиќ бил нападнат од жителите на загребската населба Вукомерац, кои протестирале после вчерашните пукотници во таа населба.

Престрелката со калашникови меѓу две семејства се случила во непосредна блиина на основното училиште пред кое денеска се собрале демонстранти.

Таму за време на протестот се појавил и Милан Бандиќ. Градоначалникот во еден момент бил нападнат од бесни родители на децата и жителите, пренесува Индекс.хр.

Бандиќ бил навредуван од родителите, а во еден момент почнале да го маваат со разни предмети и јајца. Нападот ескалирал со физички напад врз Бандиќ.

Полицијата интервенирала, а некои се заканувале дека ќе ја запалат куќата на ромското семејство кое учествувало во престрелката.

 

 

 

14.09.2018 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега