ВИДЕО: Британскиот премиер е позитивен на коронавирус, од самоизолација порача - „Заедно ќе го победиме ова“

Британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен на коронавирусот.

Џонсон на видео снимка на Твитер потврдил дека во последните 24 часа имал благи симптоми и дека неговиот тест на коронавирус е позитивен.

Додал дека е во самоизолација, но дека ќе продолжи да ја предводи британската влада во борбата против коронавирусот.

„Заедно ќе го победиме ова“, истакнал Џонсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега