ВИДЕО: Бурата на Јадранот носи се пред себе - наврнале 222 литри дожд во само еден ден, ќе биде уште полошо

Јадранот денеска е под црвен метеоаларм. Властите во Дубровник издале посебно предупредување за граѓаните, а некои од крајбрежјата во Истра се веќе под контрола.

Слично времето е и во Далмација, а ќе биде уште полошо, велат метеоролозите.

Веќе до 12 часот наврнало многу дожд, а во последните 24 часа во Велика Лука паднале 222 литри дожд по квадратен метар, што значи дека само во еден ден наврнало скоро двојна просечна месечна количина дожд. Тоа покренало бура, а има и поплавени подруми.

Во Сплит морето толку се подинало што дошло до куќите и кафулињата каде почнало да носи маси и столчиња.

„До овој момент забележавме оштетувања на околу 15 возила, кои се уништиле поради пад на стебла, гранки и налет на останати предмети. Со оглед на се, според најавената временска прогноза, кој крајот на денот се очекуваат посилни удари на ветер, па ги советуваме граѓаните, доколку е можно, возилата да ги паркираат на заштитени места“, соопштиле од полициската управа во Сплит.

Ударите на ветер во Далмација биле и до 142 километри на час.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега