ВИДЕО: Целиот рид исчезна за неколку секунди- одрон однесе повеќе од 100 метра пат во Индија

Катастрофалните поплави во Индија предизвикаа лизгање на земјиштето, а еден од нив за неколку секунди однесе повеќе од 100 метри пат.

Инцидентот се случил покрај автопатот во Химачал Прадеш, на северот на Индија, по дождот што врнеше континуирано два дена.

Видеото покажува како сè исчезнува во рок од половина минута, а автомобилот кој се движеше по патот се спаси за влакнио. Таа индиска држава се бори со големи поплави и одрони од почетокот на неделава.

30.07.2021 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа