ВИДЕО: Целосно гол истрча на теренот синоќа- светот гледаше во шок

Олма Гарсија, тоа е името на човекот за кој цела Европа зборуваше од синоќа. Шпанецот успеа нешто што на никој не му падна на памет. Сосема гол, како да е роден од мајка, истрча на теренот за време на натпревар кој се играше без присуство на публика.

На натпреварот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед, Гарсија ги шокираше сите со својата сцена, од чуварите на стадионот, преку фудбалерите, до телевизиските гледачи во близина на малите екрани.

Олмо е добро познат на шпанските медиуми. Често се соблекува гол на јавни места, со цел да привлече внимание кон зачувување на животната средина и свртување на луѓето кон поинаков начин на живот.

На натпреварот од четвртфиналето во Лигата на Европа, тој истрча од едниот до другиот крај на теренот, се стркала на тревата, а според некои информации од Шпанија, подоцна успеал да и избега на полицијата.

Погледнете како изгледаше ...

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега